Секој пат по тебе јас тагувам И на сон сонувам Дека дома доаѓаш Секој ден кинам ко леб од себе Топол леб за душа Жива да се изедам јас Срцево ми е пиле што песна не пее Ах, љубов ти, не ми се смееш Срцево ми е јагне без мајка сторено Соголено сред невреме Врати ги Птиците што ми ги одлета Барем да можам јас Срцево да си го распеам Врати ја младоста Со неа Пак јас да расцветам Летнаа летата По тебе, цветав и прецветав Ти не дојде пак Секој ден денот е долг година И во сон будна сум Тебе да те пречекам Секој ден откинат здив за тебе Пола здив вдишувам Пола живот живеам јас ♪ Врати ги Птиците што ми ги одлета Барем да можам јас Срцево да си го распеам Врати ја младоста Со неа Пак јас да расцветам Летнаа летата По тебе, цветав и прецветав Ти не дојде пак Срцево ми е Пиле што песна не пее Ах, љубов ти, не ми се смееш Срцево ми е изгор по тебе сторено Изгоре сѐ Ти не дојде