Седумдесет и некоја со татко ми на Водно Со очи невини и џебоj полни костени А таму долу градот ко во школка бисерна Мирно дише ко човек жив Низ шепотот на елки слушнав: "Сине, погледни И што да биде, запомни Ова е само наше Скопје тука ни е сѐ И сѐ дури сме живи ќе го сакаме Ова е само наше Скопје тука ни е сѐ Овде сѐ дури сме живи ќе се враќаме" На четири страни прошетав и грев е да се жалам Што под триста неба мојва глава заспала Но, само еден град на светот има улици Баш за мојте чекори И само мојот град знам ќе ме прими в прегратки В срце штом ми застуди Ова е само наше Скопје тука ни е сѐ И сѐ дури сме живи ќе го сакаме Ова е само наше Скопје тука ни е сѐ Овде сѐ дури сме живи ќе се враќаме