Штом ќе зажари неба источни Сонце образ ми позлатува Ко да праќаш ти тајни бакнежи Место писма од далечина А кога од збудалени ветрој западни Брезите ќе се расчешлаат Мислам дали пак негде, некогаш Твоите коси ќе ме покријат? Кај е север... Кај е југ - ништо не го занима Ова срце како компас расипан Тебе само те покажува Зад Радишани штрчат планини Ноќе над нив ѕвезда најсилна Ѕвездо северна, дал' е неверна Ил' си само солза нејзина? Пролет секоја птица некоја В грло носи песни љубовни И со твојот глас тагува за нас Заедно што не сме јас и ти Кај е север... Кај е југ - ништо не го занима Ова срце како компас расипан Тебе само те покажува