Црнки,плави,бордо,кафеави Сите ќе те чуваме ко бубрегче во лој На таква зверка 10 му се мерка Една ко' ниедна, ој! Ех,што не можам Во Чаир харем да направам, И со весели 'рисјанки да го наполнам, Сѐ млади,здрави,убави, А ја ко султан Сулејман, Ти што си ми стално пред очи Да можам да не те мислам. Јас сакам 10 девојки На секој прст една од нив Да бидам паша и не се плашам Дал' една ќе ме остави. Првата за бакнежи, Втората да ме разнежи, Трета да ме загрее Четврта да ме насмее. Петта за петок,сабота, Шеста за кујнска работа, Седмата за инспирација, И три за рекреација Дајте ми 10 девојки На секој прст една од нив Да бидам паша и не се плашам Дал' една ке ме остави И смислив сѐ добро,зар не? Но само едно фали, знам... Ти што си ми стално пред очи Да можам да не те мислам. Џабе ми,џабе, Џабе ми 10 девојки На секој прст една од нив Ниедна не, не ќе може Тебе да ми те замени. Што ќе ми 10 девојки На секој прст една од нив? Ниедна не, не ќе може Тебе да ми те замени!!